речник контакт

Св.Пантелејмон по прв пат како патрон на Велес

Велешани годинава прв пат го чествуваа верскиот празник Св. Пантелејмон како патрон, заштитник на градот.

Петар Печков

Илјадници верници два дена го посетуваа храмот посветен на овој светител а локалната власт и Повардарската Епархија при МПЦ организираа и повеќе свечености и духовна академија.

Св.Пантелејмон им помогнал на велешани кога имало чума, колера и тој ги излекувал неговите жители, тој бил заштитник со векови, ова е само официјализирање на една вековна традиција  во благодарност кон него е изграден овој храм  Сега како и порано црквата кога ни е тешко ќе ни помогне, враќањето кон верата е вистинскиот чекор – изјави Горан Петров градоначалник на општина Велес. Во понеделникот наутро се одржа свечена литургија на која чино началствуваше поглаварот на МПЦ г.г Стефан, кој од локалната власт ги доби на подарок неговите симболи, видра и афионова чушка.

Не направивме ништо ново со чествувањето кон Св. Пантелејмон, туку го продолживме тоа што постарите велешки генерации му го направиле на овој светец, изградиле велелепна црква во негова чест. Секој човек, секој народ има свој заштитник убаво е што оваа традиција во повеќе општини во Македонија е возобновена, празникот на соборниот храм да биде и заштитник на градот. Треба почесто да се потсетуваме на трајните вредности како што е примерот со Св. Пантелејмон – изјави г.г. Стефан.

Тој потсети дека  истовремено со ова се одбележува и денот на Св. Климент, автор, писател, преведувач, кој како придружник на светите браќа Кирил и Методиј поминал повеќе мисии меѓу моравските и панонските народи, каде што говорот, наречјето  од солунско, станал говор за повеќе европски народи  а тој е официјален богослужбен јазик за повеќе православни цркви.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »