Петар Печков
Објавено: петок, 17 јануари 2014
Во брак стапија Сенада и Демир. И двајцата од Германија, таму се родени и живеат, ама нивните родители од Велес па решиле свадбата на децата да биде во родниот град на родителите. И тоа на отворено до Мало мовче.
Со музика на составот Шампиони од Струмица, со полни маси, младата излепена со илјадарки денари и по сто евра, многу минувачи, гости и сватови. Затоа го привлече вниманието на велешани. Од 11 часот па се до доцна попладнето се радуваа и веселеа.
Бидејќи денес е пазарен ден, пола Велес го виде. За втората половина што не виде, во продолжение низ слика, како беше на оваа семејна радост.
Tweet |