речник контакт

Свадбите забранети, но свадба во Велес сепак имаше

Ова е трета свадба во време на ковид-19, која предизвика жестоки реакции кај велешани, поради непочитување на Уредбите на Владата

Петар Печков

Претпладневно со зурли и тапани,  радоста од бракот на млади велешани се разлеа по улиците на Велес.

Иако не е дозволено, засега свадби, тоа не им пречеше на сватовите и музика да минат по улиците во стариот дел на градот, од пазариште, преку Читкушева чешма, до црквата Св. Богородица, без заштитни маски, групирани.

Радоста и музиката доаѓаат во време кога надлежните безусловно апелираат на носење маски, држење растојание и не групирање на граѓаните. 

Свадбата предизвика жестоки реакции, бидејќи не се почитуваат уредбите на Владата а секојдневно бројката на заразени со ковид-19 во Македонија  е висока.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »