Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 февруари 2020
МВР информираше за два инциденти, кои викендов се случија во Велес и Горно Оризари, при што имало физичка пресметка.
Саботата на 8-ми февруари во 12,30 часот било пријавено дека во Горно Оризари, велешко по претходна расправија Ј.А.(56) со тврд предмет физички го нападнал И.А.(57) - пишува во соопштението на МВР.
Петокот на 7-ми февруари во 19.30 часот било пријавено дека во Велес на ул.“Петре Прличко“ Т.Ј.(33) од Кочани бил физички нападнат од неколку лица меѓу кои биле и три лица од Битола, роднини на неговата поранешна сопруга - информиаа од МВР.
И во двата инциденти се работи на расчистување на случајот.
Tweet |