речник контакт

Сведок тврди Петровски бараше да го убијам старецот

Случајот убисвото во Ореше добива нови димензии откако сведок тврди Петровски од САД бараше да го убијам старецот

Петар Печков

Драматично и тензично беше на рочиштето за судењето за убиството во Ореше, откако се појави сведок кој тврди дека обвинетиот  Ѓоре Петровски  му  се јавил телефонски и од него побарал да го убие старецот Лазо Милошевски.   Тие двајцата бидејќи имаа спротивставени изјава, мораа да се соочат меѓусебно. Но при ова малку требаше да  дојде до меѓусебна физичка пресметка поради што мораше да реагира и судската и притворската полиција, па се заврши со тешки  лични навреди по семејствата и пцовки по фамилијата и децата.

Ѓоре ми се јави на мобилниот и откако праша како сум со здравјето, бидејќи бев болен, потоа побара да му ставам апче и го отрујам Лазо Милошевски. Јас тоа го одбив и не сакав натаму да разговарам на таа тема. По убиството, по неколку месеци повторно се јави и праша дали сум слушнал кој стои зад убиството и кој го извршил. Мене Илчо Милошевски, сведок во овој процес, директно ми рече дека имал понуда да го убие Лазо, зошто тоа сега ја сменил  изјавата не знам, но сигурно има добиено добри пари за тоа  – рече Вељо Арсовски, сведок кој прв пат се  појави на судењето са убиството во Ореше. 

Тој рече дека до 18 години  бил тесно поврзан со Петровски,  биле другари и бил негов послушник.  Заедно во една пригода дури ги имале истепано како млади  и неговиот сегашен дедо,затоа што Ѓоре така побарал.  Гастарбајтерот бил  убеден дека Лазо стои зад пукањето во 1994-та година, кога  бил  погоден во глава, но преживеал, што постојано бил опседнат со одмазда, иако од полицијата му објасниле дека  нема докази Милошевски е поврзан со пукањето.

Сопругата на сведокот  Арсовски е внука од син на убиениот Милошевски и братучетка со обвинетите браќа Љупчо и Ордан Ѓоргиевски дека се сторителите на убиството.  Бранителите на Петровски изјавата на сведокот Арсовски побраа да се отфрли бидејќи била пристрасна и неверодостојна. Тие се обидоа да го дискредитираат сведокот, дури посочувајќи дека тој ја подметнал рамката од пушката од која наводно е пукано и која беше главен адут на обвинителството. Таа беше пронајдена по изјава на заштитениот сведок, кој ја посочил  по телефонското јавување на Петровски од САД, за истата да ја отстрани. За адвокатите е нејасно зошто сведокот прв пат  се појави на судењето, по три години откако тоа започна.

 Како не ти е срам да го лажеш судот дека сме разговарале за ова. Во едно дете имам се колнам дека не го сторив. Го правиш  ова под закана од сопругата да не те остави –рече Ѓоре Петровски кој 15 години живееше во САД а летово беше испорачан во Македонија. Тој е обвинет дека за 20 илјади долари го нарачал убиството на Лазо Милошевски, заради безобѕирна одмазда а како извршители се посочени Ордан и Љупчо Горгиевски. Убиството се случи на 2-ри декември 2005-тата година во 20,45 во селото Ореше, додека старецот дома ја подготвувал вечерата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »