Петар Печков
Објавено: петок, 15 септември 2017
Судскиот процесот за легализацијата на планираcкиот дом Чеплес тапка во место. Откако повеќе рочишта беа одложени бидејќи сведокот на одбраната Миле Јанакиевски, бившиот министер за транспорт и врски не можеше да биде пронајден, тој денес конечно се појави во велешкиот суд. Но го немаше обвинетиот, градоначалникот на Општина Чашка, Горанчо Пановски.
Преку неговиот бранител тој доставил лекарска документација дека е на отворено боледување. Ова беше повод судијката Тања Милева да побара вештачење на здравствена состојба на обвинетиот.
За проверка на наодите на обвинетиот, да се изврши вештачење на неговата здравствена состојба, дали има здравствени проблеми и какви и дали е во можност да го следи судењето. Од амбулантата во Чашка да се достават датумите кога тој се јавува на преглед. Сите отворени боледувања секогаш течат ден пред рочиштето кога обвинетиот треба да се појави пред судот – појасни судијката Милева.
Судскиот процес започна мината година на 14 септември но повеќе пати рочиштата се одлагаат отколку што тие се одржуваат.
Обвинителството низ истражната постапка утврдило дека во временскиот период од 02.09.2011 год. до 30.04.2013 год. во својство на службено лице – Градоначалникот Горанчо Пановски, со искористување на својата службена положба и овластување, прибавил значителна имотна корист за Општина Чашка во вкупен износ од 4.058.566,00 денари, а на штета на оштетеното здружение Планинарско спортски клуб ”Солунска глава”- Велес. Тој за ова дело се изјасни дека не се чувствува за виновен.
Слична судбина има и судскиот процес за измама каде на обвинителното столче е Десанка Кузманова Николова, која по сведочењето на оштетената каде се посочија повеќе имиња од претходната власт, обвинетата ја нема, не доаѓа. Среде лето било премногу жешко за да дојде, претходно беше болна но без соодветна документација, но тоа не и пречеше да присуствува на протестите по велешките улици за да на последното рочиште не ја пронајде ниту полицијата на адресата каде живее. Ја немало.
Tweet |