Петар Печков
Објавено: среда, 05 септември 2018
Македонија постигна напредок во реформите и сака да оди напред, светот ги отвора вратите, рече на денешната прес конференција Дејан Арсовски претседателот на ОО СДСМ за Велес. Тој потенцира дека Македонија добива поддршка, помош и подадена рака од двата најголеми сојузи во светот НАТО и ЕУ.
Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш до сега. Со договорот со Грција се отворија вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Земјите членки на двата сојуза сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западнати демократски држави. Тоа ни гарантира стабилна и сигурна иднина - рече Арсовски.
Tweet |