речник контакт

Светски моден перформанс на иницијатива на Амбасадата на Кралството на Холандија (фото и видео)

Модни дизајни со вештачка интелигенција, кои дишат заедно со човечкото тело

Петар Печков

Bо фоајето на Националната опера и балет се случи гала моден настан насловен „Осветлено“ (Into the light).

Специјална гостинка на вечерта беше светски
познатата холандска модна дизајнерка Анук Випрехт (Anouk Wipprecht).

Настанот беше во организација на Амбасадата на Кралството на Холандија во соработка со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Модниот настан беше заокружување на поголем проект, кој се одвиваше во неколку фази. На почетокот, Анук Випрехт одржа неколку мастеркласови со студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека.

На овие презентации студентите добија конкретни насоки како да ја користат современата технологија во модниот дизајн. Потоа, холандската дизајнерка заедно со професорката Георгиева одржаа и неколку работилници на кои студентите создадоа оригинални модни дизајни, кои беа претставени
на модниот настан.

Гостите, помеѓу кои беа присутни истакнати дипломати, политичари, луѓе од јавниот живот во Скопје и претставници на медиумите, имаа ретка можност да погледнат и дел од оригиналните високотехнолошки модни дизајни на Анук.

Настанот го отвори Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп:

„Холандија ееден од светските лидери кога станува збор за иновации и висока технологија. Дизајните на Анук Випрехт презентирани во првиот дел на вечерта ни покажаа што може да направи холандската високотехнолошка мода. Вториот дел и делата на студентите ни покажаа што можеме да направиме заедно. Северна Македонија е нашпартнер и се надеваме дека наскоро ќе имаме уште поблиска соработка на сите полиња, вклучувајќи ја и модната индустрија, во рамките на отворениот европски пазар“, истакна Јан Коп.

„Голема благодарност до Амбасадата на Кралството на Холандија за укажаната доверба и иницијативата за соработка. Искуството низ кое поминаа студентите е значајно за нивниот понатамошен развој. Имавме ретка можност да уживаме во креативниот процес и во соработката со Анук“, вели професорката Лидија Георгиева, која неодамна,
заедно со „Завар дизајн“ земаа учество на Модната недела во Белград, а на синоќешниот
настан беа претставени и овие дизајни.


Анук Випрехт е иновативна дизајнерка, приврзаник на модната технологија (FashionTech) и создава раритетна комбинација на модни парчиња, кои се комбинација на инженерство, наука и дизајн. На автентичен начин ја спојува модата и технологијата, а нејзините дизајни се стремат кон вештачка интелигенција, како своевидни системи „домаќини“, и делуваат како да дишат заедно со човечкото тело и реагираат на непосредната околина. Сензорите вградени во дизајнот го следат просторот околу оној
што го носи, а сензорите за телото го детектираат нивото на стрес како удобност или
вознемиреност.

Нејзиниот најпознат „Spider Dress“ базиран на модулот Intel-Edison е совршен пример за оваа естетика, каде што сензорите и подвижните раце на фустанот помагаат да се создаде подефинирана граница на личниот простор.

„Овој роботски фустан напаѓа доколку некој премногу ви се приближи“, вели Випрехт.

Освен рачни уреди, дизајнерката истражува како можеме на нови начини, преку нашата
облека да комуницираме со светот околу нас.

Таа активно соработува со Интел, АутоДеск,
Гугл, Мајкрософт, Самсунг, Адидас, Дизни, Сваровски, Ауди, со најпознатиот циркус „Сирк
де Солеј“ и со компаниите за 3Д печатење, додека истражува како би изгледала нашата
иднина доколку продолжиме да ја вградуваме технологијата во она што го носиме. Таа
работи и живее на релација помеѓу Сан Франциско, Лос Анџелес, Мајами и Амстердам.

ПР текст

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »