речник контакт

Свечена закелтва на 15-тата генерација војници доброволци

Во Велес свечена заклетва дадоа уште една генерација војници за доброволно служење во АРМ

Петар Печков

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде уште една генерација војници за доброволно служење во АРМ.  Нови 195 доброволци од кои пет се жени следните три месеци ќе се обучуваат во велешкиот гарнизон.


Честитајќи им за заклетвата на младите војници, командантот на Командата за обука, полковник Љупчо Костовски потсети дека војниците на доброволно служење во АРМ се столбот на армијата и идните бранители на Република Македонија.

 Од нивните редови се регрутираат идните професионални војници и старешини во редовите на Армијата на Република Македонија, рече Костовски.

Тој нагласи дека војниците треба да бидат горди затоа што се генерација кога се одбележува голем јубилеј-20 години од постоењето на АРМ.

Војниците наредните три месеци ќе ја поминат основната воена обука и ќе се стекнат со сите неопходни вештини како припадници на армијата

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »