речник контакт

Се предвидува зграда кај пешачкото мовче кај Општина

Станарите од соседството се противат на нова зграда на предвидената локација. Надлежните уверуваат се е според стандарди

Петар Печков

Со измените на Деталниот Урбанистички план за општина Велес, Урбана единица 1, Урбан блок 10, е предвидена е изградба на зграда непосредно пред  новоизградениот пешачки мост кај Општина.   Новиот ДУП  опфаќа површина од 11 хектари и со него предвидени се две нови згради со катност п+5 и П+4.  Граѓаните кои живеат во блиските згради, не се согласуваат со изградбата, оти се со став дека едната од  нив ќе биде преблизу до постојните.

Каде ќе има паркинг, откако ќе  се срушат  постојните  гаражи, што ќе го зголеми проблемот со паркирањето. Зградата е  близу е до брегот, до железничката пруга. Со новите комшии ќе си гледаме во собите.  Новата зграда ќе биде преблизу до постојните, нема да има можност да доаѓа светлина -  реагираат засегнатите граѓаните од  зградите на улицата Енгелсова.  Тие поднеле бројни забелешки преку анкетните листови доставени за промената на ДУП.  

Водено е сметка за висината на објектот, кој ќе биде  п+5.  Зградата е предвидена согласно со Законот за урбанистичко и просторно планирање. За растојанието од пругата тоа е15 метри и тоа е согласно Законот за железниците и имаме добиено согласност од ЈП МЖ. Извршено е гео механичко испитување на земјиштето, со што ќе се добијат карактеристики на почвата. Паркирањето со сега постојниот план е предвидено подземно и надземно паркирање. Постојните гаражи се од времен карактер и тие се предвидени како подземни  и постојните ќе се рушат - рече Зоран Мецановски раководител на одделението за урбанизам.   Додаде дека по реакциите на граѓаните катноста на зградата е скратена од п+8 на П+5 

 Имав средби со граѓаните од овој дел на градот. Нивните забелешки ги слушнавме, реагиравме и понуденото решение е нацртано согласно нивните  реакции и е на двострано задоволство. При изградбата ќе се запазат сите стандарди  и се што е потребно со Законот. Предвидено е да има простор  за 580 паркинг места а моментално има 300. Планот ги предвидува сите стандарди   - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »