Петар Печков
Објавено: петок, 31 јули 2020
Започна втората и завршна фаза на комплетно асфалтирање на локалниот патен правец кон историското Горно Врановци, во должина од 1,3 км.
Асфалтирањето е од крстосницата за Дреново во правец на селото Горно Врановци. лани есента се асфалтираше делот од приодот кон селото.
Минатата година се изврши реконструкција на локалниот пат во должина од 1,5 км ,со почетокот на оваа втора завршна фаза на реконструкција се заокружува комплетно асфалтирање на локалниот пат во должина од 2.8 км до клучката со регионалниот пат кој води кон село Дреново - изјави градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски.
Инвестиција е вредна 3,9 милиони денари,средства обезбедени од Биро за регионален развој. Ланските средства за асфалтирањето на делницата од 1,5 км во висина од 5.468.444, денари, беа исто така обезбедени од Биро за регионален развој.
Tweet |