Петар Печков
Објавено: вторник, 26 јуни 2018
Во градот има потреба од месо преработувачи, касапи, но нема ученици. иако по завршувањето на тригодишното образование без малку им е гарантирана работата, нема интерес за оваа струка. Ниту висока плата од околу 500 евра не е провокација завршените основци да се запишат на оваа струка.
По првиот уписен рок имаме само седум ученици што се приемни, останато се слободни места. Од друга страна од месната индустрија ,,Агриа,, бараат месо преработувачи веднаш. Така што по завршувањето на образованието работата им е обезбедена со за велешки услови висока плата - вели в.д директорката Маја Хеско. Во Хемиското училиште ,,Димитрие Чупоски,, ќе работи една паралелка со 34 ученици, ако се запишат потребниот број.
Од друга страна во средното ,,Коле Неделковски,, за паралелката готвач се пријавиле 41 завршен основец иако се примаат само 17 ученици, вторите 17 се за келнер. Ова е комбиниран клас со тригодишно образование. Големиот интерес за оваа струка кандидати го објаснуваат со најавата дека уште на 14 години планираат да заминат од земјава.
Со диплома за готвач можам да конкурирам за работа на брод, за работа во угостителски објект ресторан, кујна во странство. Така што веднаш по завршувањето си одам од Македонија - вели еден од примените кандидати.
Вообичаено голем интерес за упис во средните во Велес имаше за медицинските струки во Хемиското и за компјутерски техничар во ,,Коле Неделковски, кои се веќе пополнети.
Единствената фабрика за преработка на крзно во Македонија ,,Димко Митрев во Велес се судрува постојано со проблем, нема доволно квалификувана работна снага.
Во ниту едно од училиштата во градот нема струка крзнар, кожар, иако имаме потреба од таков профил на работници. Бидејќи нема завршени средношколци, организираме разни обуки, курсеви за да може кандидатите да работат кај нас - вели претставник на кожарницата.
Tweet |