Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 септември 2025
Општина Велес бара предлози за добитници на општинските највисоки награди. Признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.
Неопходно е кандидатите за Деветоноемвриски признанија делото за кое се предложени да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општина Велес.
Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.
Предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ можат да поднесе секој граѓанин. Предлозите мора да бидат образложени.
Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, со назнака за Комисија за општествени дејности на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес или лично најдоцна до 9 октомври 2025 година.
Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година.
Награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Северна Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство. Наградата не е деллива.
Предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ може да поднесе секој жител на Општина Велес и самиот студент. Предлозите мора да бидат образложени.
Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да ги исполнува следните услови: да е жител на Општина Велес, да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,50. Кон предлогот се доставува уверение за предвидени и положени испити издадено од факултетот.
| Tweet |




