Петар Печков
Објавено: среда, 14 октомври 2026
Општина Велес, преку комисијата за јавни дејности го распиша конкурсот за предлагање на кандидати за највисоките општински признанија, за животно дело Гемиџии, за најстудент Ѓорѓи Шоптрајанов и 9-ти Ноември.
Новина за двете награди, за животно дело и за 9-ти Hоември е што треба предлозите да се потврдат со релевантна документација, признанија, публикации, проекти, резултати или други докази.
Наградата за животно дело Гемиџии се доделува на физичко лице кое со своето долгогодишно професионално, научно, културно, уметничко, образовно, спортско, општествено, стопанско, хуманитарно или друго јавно дејствување оставило траен белег и особен придонес за Општина Велес, нејзината афирмација и развој.
Наградата 9-ти ноември плакети, пофалници и благодарници се доделува на најдобри поединци во областа на стопанството, науката, културата, образованието, здравството, уметноста, физичката и техничката култура, архитектурата, публицистиката, иноваторството и екологијата, на физички и правни лица, установи, здруженија, организации, неформални групи и други субјекти кои со своето дејствување дале особен придонес за Општина Велес и нејзина афирмација во земјата и странство.
Наградата за најстудент Ѓорѓи Шоптрајанов се доделува за студент на еден од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство, да има просечен успех од најмалку 9,5 и да е жител на Општина Велес.
Последен ден за испраќање на предлозите е 21 октомври, среда. Локалната власт за оваа цел изготви и формулари, кои треба предлагачите да ги пополнат.
Од годинава новина за што ТрМр пишуваше е дека можат да се доделат до 10 награди 9-ти Ноември.
| Tweet |




