Петар Печков
Објавено: четврток, 25 февруари 2021
Денес се вакцинираа дел од вработените во Центарот за јавно здравје. Тие ја примија вакцината за заштита од ковид-19, во модуларната болница на Инфективна Клиника -Скопје.
Вакцинирани се 13 здравствените работници, тие што се први при контактот се лица потенцијално заразени со ковид, вработените од лабораторија и од епидемиолошката служба. Останатите ќе се вакцинираат во следната група, наредните денови - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, директор на Центарот.
Претходните денови се вакцинираа дел од вработените здравствени работници од велешка Болница, па од Здравен дом, од итната помош.
Tweet |