Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 март 2021
Се вакцинираат и здравствените работници од Болницата Јасеново. Според акциониот план за вакцинација од ковид-19, во две групи се одвива вакцинацијата и на дел од вработените во оваа здравствена институција.
„Во саботата попладне, и утре, вторник претпладне во две групи се врши вакцинација на докторите и медицинските сестри од Болницата. Бидејќи работиме со пациенти со белодробни заболувања и карактеристика на ковид заразата и ние сме вклучени во вакцинацијата за заштита од ковид-19“ - кажа - д-р Зоран Матев директор на Болница Јасеново.
Со тоа во велешко се заокружува вакцинацијата на здравствените работници со првата вакцина, за заштита од ковид-19, откако претходно беа вакцинирани здравствените работници од велешка Болница, Итната помош од Здравствен дом, Хигиенски а во тек е вакцинацијата и на здравствените работници од примарното здравство - матичните доктори и медицинските сестри.
Tweet |