Петар Печков
Објавено: среда, 24 февруари 2021
Откако се вакцинира дел од вработените во Општа Болница Велес, започна и вакцинацијата за заштита од ковид-19, на дел од вработените во ЈЗУ Здравствен дом Велес. Тоа се лица, кои поради спецификата на работата може да имаат контакти со лица кои се заразени со ковид-19, а во тој момент не знаеле.
„Денес ќе се вакцинираат колегите од службата на Итаната помош, вработени доктори, медицински сестри, возачите. Пријавени се 20 лица, тројца од нив се вакцинираа вчеравечер, останатите денес, среда. Дел од нив веќе беа заразени со ковид, имаат антитела и затоа не се пријавени“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната служба и портпарол на Здравствен дом.
Претходно, два дена, понеделник и вторник се вакцинираше првата група на здравствени работници од 84 лица, од велешката Болница. Втората група на лица кои се пријавиле од оваа здравствена институција, ќе се вакцинираат дополнително.
Tweet |