Петар Печков
Објавено: вторник, 08 октомври 2013
Утрово во Ветеринарната станица Велес, донесена е хаска, која е пронајдена како шета во месноста Речани. Таа се вдомува и секој кој е заинтересиран, може да ја види во Ветеринарната станица во стационарот за кучиња.
Хаската очигледно била домашно милениче и е напуштена, оти на секој кој доаѓа до неа, таа се радува и весело скока. Затоа кој има можност и сака да го водоми ова мило куче, може да се обрати до оваа институција.
Tweet |