речник контакт

Се врати во Фукушима за да ги прехранува животните

Наото Мацумура се грижи за напуштените животни во градот уништен од нуклеарка

Петар Печков

 Во јапонскиот град Фукушима  единствен човек кој таму живее е педесет годишниот  Јапонец  Наото Мацумура. Тој и покрај предупредувањата се вратил да живее таму поради бројните животни кои останеле во градот  уништен од нуклеарката. Поради брзата евакуација животните се напуштени и оставени да е грижат и снаоѓаат сами на себе.  

Мацумура првично се вратил заради неговите домашни миленичиња, но кога видел колку животни се препуштени сами во  градот, одлучил да се грижи за сите, бидејќи им била потребна помош.   Јапонецот се врати во Фукушима во 2011-та и покрај предупредувањата на Владата,дека сам себе се доведува во ситуација соа тешки или смртни последици.   

 Ми објаснија дела можам да се разболам во следните 30 години. А јас дотогаш секако ќе  бидам мртво - вели Наото.  Нему преку донации му помагаат бројни Јапонци,кои носат храна или му испраќаат пари и така го поддржуваат.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »