Петар Печков
Објавено: четврток, 03 декември 2020
Кошаркарите на КК Борец баскет забележаа победа во Куманово, над втората екипа на истоимениот клуб. Велешани славеа тесно со 81:85, а враќањето на повредениот Брчков кој постигна 24 поени и Котевски со 18 имаа значаен удел во радоста на КК Борец баскет. По ова шесто коло до Втората лига, група Исток, КК Борец баскет е втор со 11 бода а во недела игра дома со соседот, трето пласираниот тим на КК Феникс, кој има девет бодови и натпревар помалку.
Bчера се одгира и заостанатиот натпревар од петтото коло нa Првата футсал лига, помеѓу екипата на КМФ Кеги моби и КК Шкупи. Шампионот, од скопски Чаир победи со 0:3 како гостин, во салата Гемиџии. Во следното , шесто коло, градско дерби КМФ Велес - КМФ Кеги моби. И двете екипи се со по една победа.
фото: ФБ КК Борец баскет
Tweet |