Петар Печков
Објавено: петок, 30 март 2012
Станарите од комплекс Чешел посочуваат на старата слика од минатата година, кога простороот под Мало мовче беше присвоен и стана дом, живеалиште. Така и годинава, со топлото време се вратија номадите. Тие поставија врата а нивните коњи се по околината. Жителите од Чешелот посочуваат дека изметот од коњите е по Мало мовче а грдата слика од центарот за жал стана секојдневие.
Иако миантата година реагирале, никој не презел никакви мерки. Единстено за стартот на регата Гемиџии, полицијата ги отселила овие лица, кои по неколку дена се вратиле. Тие сега се прашуваат кој ќе застане на пат на ваквата лоша слика, на смрдеата која се шири од таму. Потсетуваат дека тука има повеќе прекршоци, но се во дилема има ли некој надлежен кој ќе го реши овој проболем, за истиот да не трае до октомври.
Tweet |