Петар Печков
Објавено: петок, 22 октомври 2021
Се вратија редиците и гужвата за вакцинација во Велес. Денес бројни граѓани чекаа да бидат вакцинирани со трата доза против ковид-19. Ги имаше од сите возрасни групи, но повеќето беа од повозрасната.
„Сакам да се вакцинирам со трета доза, бев вакциниран со кинеска. Не очекував ваква гужва“- кажа велешанка која на пладне со бројни нејзини граѓани чекаше ред.
Гужвите се појавија откако Комисија за вакцинација, дозволи сите кои се вакцинирани со кинеска вакцина против корона вирусот, а минале три месеци од втората доза да може да добијат „бустер“-трета доза.
„Осетно е зголемен интересот за аплицирање на трета доза вакцина и тоа „Фајзер“ кај велешани. Се аплицира и прва доза исто така „Фајзер“ и втора доза со вакцина со која лицето било вакцинирано“ -рече д-р Марина Тодоровска, координатор за вакцинација против ковид-19 во Велес. Тој се наоѓа во Уред и работи во терминот до 7,30 до 13,30ч.
Во текот на вчерашниот ден со трета доза во Уред биле вакцинирани 155 лица а денес, петок 223.
Еве ја статистиката за последните два дена прва доза -13, втора доза 23. Денес петок, сите бројки пораснаа откако беше објавено дека Велес е на врвот според бројот на заразени по број на жители, прва доза 21, втора доза 32.
Tweet |