речник контакт

Се враќаат бесплатните патувања со воз за младите и највозрасната група граѓани

Бесплатниот превоз се враќа од 1 мај годинава

Петар Печков

Владата ги врати бесплатни патувања со воз, за млади и највозрасна група граѓани, кои беа укината во март месец 2020-та поради ковид пандемијата.  Бесплатниот превоз се враќа  од 1 мај  годинава, согласно возниот ред.

„Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз“ -соопштија од Владата.

Бесплатен превоз на млади лица до 27 години ќе имаат секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови  од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот. Патувањето се остварува со лична карта.

Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот ,петок, сабота и недела. Патувањето се остварува со лична карта.

Бесплатен превоз за студенти секој четврток Патувањето се остварува со индекс и заверен семестар.

Бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.

Патувањето се остварува со училишна легитимација.
Ако првиот ден од месецот е во недела, прв викенд е наредниот. Во патничкиот железнички сообраќај веќе девет месеци не сообраќаат возовите од и кон Кичево и Кочани.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »