речник контакт

Се гледаа видео снимки од движењето на обвинетиот Цветков со автомобилот, заедно со убиениот Ѓошев претпладнето пред да се случи убиството

Клучниот сведок на обвинителството од Скопје, полицијата не може да го најде два месеци

Петар Печков

Продолжува судскиот процес за убиството на велешанецот  Ѓело Ѓошев, за кое дело е обвинет велешанeцот Димче Цветков. На денешното рочиште во Основен суд Велес се гледаа фотографии и видеа предлог на обвинителството, а во однос на нивната теорија за движењетo на обвинетиот критичниот ден 5 ноември 2025  година  коgа е случено убиството. 

Сите снимки беа во терминот од 9,30 до 11 часот на повеќе локации во Велес. Меѓу нив и последната кога на улицата која води кон населба Превалец, кај гаражите на ЈКП Дервен е регистрано возилото на Цветков, пежо со велешки регистaрски таблички. Обвинетиот потврди дека на тие снимки е тој, заедно со сега починатиот Ѓело. Подоцна откако го минал тунелот  за влез во Чашка, завртел лево  по патот кој води за Ново село и Крива Круша и потоа го симнал од возилото, а  Димче си заминал. 

И покрај барањата на судијата Шефшет Адеми да биде донесен сведокот на обвинителството Љутви, кој живее во Скопје, тој не се појавува, ниту пак полицијата одговара на прашањата  каде е лицето и зошто не е достапно. Љутви е сведок кому според обвинението, Цветков му должел пари  кој  му ги вратил попладнето по убиството на Ѓошев. Тој пред да биде застрелан  при себе имал 100.000 денари и 1.500 евра.

Цветков (44 год) претходно Ферди Амедов, не го признава делото.  Според обвинението, Цветков го земал со автомобил сега убиениот, се упатиле кон Чашка и кај местото викано Поројница, со  еден истрел во тилот го убил Ѓошев и го скрил во блиската грмушка прекривајќи го со таму пронајдена јамболија. Делото го сторил од користољубие.  Судењето продолжува со нови видео снимки, предлог на обвинителството. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »