речник контакт

Се градат гнезда за царскиот орел на далноводите

Македонското еколошко друштво МЕД во соработка со АД Мепсо започнаа со заштита на царскиот орел во околината на велешко.

Петар Печков

Македонското еколошко друштво МЕД во соработка со АД Мепсо започнаа со заштита на царскиот орел во околината на велешко. Оваа птица е ретка во Македонија и ја има само во еден дел на Овче Поле, кај селата Сујаклари и Кумарино. Се проценува дека тука живеат уште 30 пара на царски орел. За таа цел на столбовите од електроводот Сујаклари – Долно Караслари се поставуваат десет платформи – гнезда за овие птици.

Платформите претставуваат замена за природните гнезда  на царските орли, кои што главно се гнездат на стари дрвја. Овие птици поради  сечењето или гниењето на дрвата  се принудени да градат гнезда на високонапонски далноводи – вели Данка Узунова раководител на проектот. Бројот на царскиот орел во Македонија се намалува како последица на усмртување од електрични удари, труење и малиот број на достапни извори на храна. Поставувањето на платформи за гнезда го вршеа работниците на АД Мепсо и тоа ќе трае до крајот на оваа седмица.

Како општествено одговорна компанија се вклучивме во овој проект за заштита на реткиот царскиот орел. На овој начин дополнително се заштитуваме од евентуалните дефекти кои можат да се случат, ако гнездата  не се соодветно обезбедени со заштитна мрежа. Нашата компанија прва и единствена  на Балканот го има сертификатот за заштита на животната средина – изјави  Крсто  Мукоски заменик на генерален директор на МЕПСО. Проектот  продолжува со заштита на  белонокта  ветрушка птица која ја има се поретко, за кого исто така ќе се поставуваат платформи за гнезда.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »