речник контакт

Се градат две улици во Индустриска зона „УЗУС“

Инвестицијата е на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Градоначалникот Колев вели дека е неопходна кохезија со централната власт

Петар Печков

Во тек е изградба на две улици во индустриската зона „УЗУС“. Истата е финансирана од Министерството за локална самоуправа и Бирото за  регионален развој а аплицирана преку Вардарски плански регион и Општина Велес.   Иако оваа индустриска зона постои повеќе од 20 години, патната инфраструктура во неа не е решена, објави градоначалникот Колев.  

„Сакам да упатам порака до централата власт, но и до пратениците, дека се потребни сериозни финансиски средства   за подобрување на основната патна инфраструктура. Велес е меѓу поголемете општини која нема   Технолошки развојна индустриска зона и цел товар кој се однесува на основната инфраструктура паѓа на локална власт а тоа ние не можеме да го издржиме“ кажа градоначалникот Марко Колев.

Тој вели дека е неопходна кохезија со централната власт и достапна поддршка за реализација на предвидените проекти.

На територијата на Општина Велес има пет индустриски зони, „УЗУС“ , „Речани“,  „Речани2“, „Караслари“ и „Мамутчево“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »