Петар Печков
Објавено: среда, 14 април 2021
Во Велес во тек е изградба на зграда, наменета за социјално ранливите категории. Таа се гради во близина на станбениот комплекс на Атлантис и преку пат на фабриката Киро Ќучук. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беше во увид на градежните работи. Таа треба да згрижи 29 семејства а рок на изградба е мај 2022 година. Инвестицијата е во висина од 42 милиони денари, средства од Министерството за транспорт и врски.
„Со изградбата на оваа зграда, сакаме да покажеме вистинска грижа за граѓаните на кои им е најпотребен кров над главата и пристојни услови за живот. Оваа зграда е на почеток на изградбата, градежните работи одат во најдобар тек“- изјави министерот Бочварски.
Зградата треба да биде на пет ката а ја гради „Конструктор“ од Скопје.
Tweet |