Петар Печков
Објавено: недела, 23 октомври 2011
Во кругот на велешката Општа Болница поставен е камен темелникот на новата црква ,,Св. Кузман и Дамјан,,. Црквата ќе се простира на стотина метри квадрати и ќе служи за потребите на пациентите и нивните блиски. Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија очекува дека таа повеќе ќе има повеќе радосни отколку тажни моменти. Повелбата за започнување на изградбата ја поставија двајцата пратеници од Велес, од власта Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата Марјан Николов од СДСМ, што за владиката Агатангел, беше знак за сплотување.
Очекувам дека овде верниците ќе се собираат повеќе за радосни и весели монети, како што се раѓања и оздравувања а помалку за тажни. Но сето тоа е дел од животот. Овој храм ќе служи и за духовните потреби но и за телесните, сите кои сакаат пред тешки операции да се помолат пред Бога за оздравување. Црквата ќе биде место за плачење но и радоста, бидејќи болницата е место каде се раѓа нов живот, но и каде тој завршува – рече Владиката Агатангел, кој овој чин на започнување на градбата, го изврши во сослужение со Владиката Петар, Митрополит на Преспанско – Пелагониската Епархија.
Изведувач на градежните работи е фирмата ,,Изгрев инженеринг,, од Велес а црквата Св. Кузман и Дамјан,, ќе се гради со средства обезбедени од Повардарска Епархија. Црквата се гради по барање на МПЦ и директорот на Болницата, Ванчо Граматов најави дека доколку и од страна на Исламската верска заедница побараат, тие ќе им дадат простор за и нивните верници да изведуваат верски обреди. Општата Болница во Велес има капацитет од 300 легла и дава услуги за 200 илјади пациенти од Повардарието и Овче Поле.
Tweet |