Петар Печков
Објавено: петок, 15 април 2011
За почист Велес, локалната власт дели и поставува контејнери за смет и пластични канти за отпадоци. Од 545 колку што добиле од Министерството за животна средина, распределени се 358 на повеќе локации од градот, како и пред домовите на велешани.
Поставени се и 134 контејнери за смет со запремина од 1,1 м3. Останале уште 154 кои ќе бидат поставени онаму каде ќе побараат станарите или пак од стопански субјекти и продавници на кои им се потребни. Дел од поставените канти за смет, 30 биле украдени.
Tweet |