Петар Печков
Објавено: четврток, 14 јануари 2016
Попладнево се запали полициски автомобил на Којник. Според сведоците тој бил во движење кога наеднаш пламнал.
Полицајците истрчале од него а сите заедно со соседите и минувачите почнале да го гаснат.
Нема многу детали за настанот а од велешката полиција го потврдија. Материјалната штета допрва ќе се констатира.
Tweet |