речник контакт

Се запали автобус кај Велес

Се запали автобус, патниците избегале, а изгоре голема површина со пченица, настанот е случен во средата напладне во близината на Велес. Околу 13,45 часот во месноста Кула, во правец на Штип, се запалил автобус сопственост на „Берово –транс“ кој сообраќал на релацијата Скопје - Берово.

Петар Печков

Се запали автобус, патниците избегале, а изгоре голема површина со пченица, настанот е случен во средата напладне во близината на Велес. Околу 13,45 часот во месноста Кула,  во правец на Штип, се запалил автобус сопственост на „Берово –транс“  кој сообраќал на релацијата Скопје - Берово. Огнот започнал во задниот дел од автобусот,  по што дваесетина патници заедно со возниот персонал истрчале од колата, но силниот оган се префрлил на сувата трева покрај патот  и на блиската засена површина со пченица. Поради високите температури тој веднаш пламнал и зафатил површина од 13 на 4 километри и била изгорена целата летнина од тој простор. Пожарот го гаселе екипи на Противпожарната единица од Велес и Свети Николе, Шумското стопанство Бабуна, а поради овој инцидент, магистралниот пат Велес – Штип беше во прекин 90-тина минути. Никој од патниците не е повреден. Според полицијата изгореле 2 илјади хектари со пченица, а пожарот бил изгасен по седум часовна борба со него. До него дошло откако изгорела инсталацијата кај акумулаторот на автобусот. По ова од високата температура, задното стакло прснало и врелите парчиња од него паднале на сува трева на банкините. Таа веднаш пламнала по што се проширила на површината со пченица. Материјалната штета сеуште се проценува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »