речник контакт

Се запали куќа во Дворови

Оштетени две семејства,Стојанови и Илиеви

Петар Печков

Во месноста Дворови околу пладне избувна пожар, кој зафати две куќи. Од огнот опожарени се две соби на двете фамилии, кои останаа без кров, Стојанови и Илиеви.  Но од водата при гаснењето на огнот, оштетена е покуќнината.  Огнот избувнал околу пладне, од таванот кон керамидите.

Саатот  беше околу 10 до 12, испраќав гостин,кога се почувствува чад, мирис на изгорено. Мислев дека е од комшиите, оти се греат на дрва, дека е од тоа.  По некое време почна да пука, мислев дека децата петарди пукаат, ама ми беше чудно, од каде сега, мина Нова година. Почна после  силно дим да излегува, дојдоа комшиите почнаа со цревата да гаснат, пуштија вода сите. Па дојдоа пожарникарите и го изгасија пожарот - вели   Лиза Стојанова.

Таa во куќата од три соби, живее со три деца, татко и а  сопругот неодамна починал.  До нив живее уште едно семејство, чиј дом не е зафатен, но затоа без кров останаа семејството Илиеви.  Соседите раскажуваат како се случил настанот.

 Бев на кафе кај комшивката, кога нејзиниот син наеднаш почна да вика, нешто пука, нешто пука.  Истрчавме во дворот и почнаа од таблите на  кровот  да летаат парчиња.  Истрчав на улица и викав помош, помош. Дојдоа веднаш соседите, земаа цревото и почнаа да гаснат. Бргу дојде и пожарната и луѓето го изгасија пожарот - вели Ефка Николова .  

Опожарените куќи се лепенки, една до друга. Среќа е што пожарот не се проширил во соседството, оти тука се бројни домови на повеќе семејства, кои се залепени еден до друг.

Соседите на кои им се запалија домовите,  биле братучеди, од два браќа деца.  Пожарникарите и покрај тоа  што имале пречка да дојдат со возилото, поради тесната улица,успеале да интервенираат и го локализираат огнот.  

На овие две семејства  потреба им е финансиска помош оти се во лоша материјална состојба,невработени.  За вечерва ќе се снајдат за преноќевање, кај соседите.

 Ова е втор пожар за неколку дена. Претходно опожарена беше куќа на улица. Љубен Весов 58, на раскрсницата со улица  Кочо Рацин.  Среќа е што во неа  не  живее никој,  и таму изгоре таванот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »