речник контакт

Се запалила дива депонија кај Св. Спас

Гореле и кабли... Интервенирале велешките пожарникари кои го локализирале огнот

Петар Печков

Вчера, понеделник претпладне, велешките пожарникари гаснеле дива депонија кај црквата С. Спас. Гореле и кабли. Детали од информацијата на велешката пожарна.

„На ден 25.08.2025 во 10:36 примена е дојава за запалено кабли над црквата св. Спас.Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно противпожарно  возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место затекнато е како гори дива депонија и истата е изгасната. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири“ – соопштија од ТППЕ Велес.

Дивите депонии горат но и загадуваат, предизвикуваат штета по еко системот во околината. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »