речник контакт

Се запалила кујната од ресторан Шкорпион

Брзата интервенција на велешките пожарникари спречила да експлодираат плинските боци

Петар Печков

Вчеравечер, недела, пожар е регистриран во кафената Шкорпион“ близу Брако. Брзата интервенција на пожарникарите спречила да експлодираат плински боци од кујната. Деталите од информацијата на велешката пожарна. 

„На ден 28 јуни во 22:10 примена е дојава за настанат пожар во кафеана ШКОРПИОН на ул. Никола Карев бр.33 Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две противпожарни возило и шест пожарникари спасители. По пристигнување на лице место констатирано е дека гори делот од кујната. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги не е дозволено експлозија на плински боци кој се наоѓале во кујната. За брзо време пожарот е ставен под контрола и целосно изгаснат“ – информираа од ТППЕ Велес. 

Огнот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Пожарот го потврдија и од велешката полиција.

„Настанал пожар во угостителски објект, кој започнал од кујната и опожарил предмети, инвентар, електрична инсталација и дел од фасада. Повредени лица нема“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »