Петар Печков
Објавено: вторник, 16 февруари 2016
Грипот во Велес се повеќе зема замав. Според бројките од Центарот за Јавно здравје Велес, изминатата недела, кај нив докторите од примарното здравство пријавиле 401 случај на заболени лица. Најмногу ова сезонска болест била регистрирана кај возрасната група од 15 до 60 години со 270 лица.
Во првата недела од февруари имаше 145 случаи, додека во последната од јануари само 5. Надлежните објаснуваат дека грипот е сезонска болест и вообичаено во овој месец од годината се бележи висок број на заболени.
Симптомите на овогодишниот грип се кашлица, висока температура, болки во зглобовите, болки во грлото. Докторите препорачуваат да се избегнува престој во затворени простории каде има поголем број на луѓе.
Tweet |