речник контакт

Се зголемува бројот на нови случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко, денес 29

Расте бројот на хоспитализирани во велешка Болница, денес таму е 71 пациент

Петар Печков

Расте бројот на ново заразени  со ковид-19 во велешко, се зголемува бројот и на хоспитализирани во велешка Болница. Изминативе 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на лица позитивни со ковид-19 а оздравени се  пет. Поради ова скокна бројот на активни случаи во велешко на  275 лица.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница хоспитализиран е 71 пациент,  од кои  51 е потврденo позитивeн, четворица  сомнителни  и 16 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 34 пациенти. Испишани се шест  пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р- Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се   39 пациенти,  во Модуларната болница  се 24и на  Интерно осум.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »