речник контакт

Се зголемува бројот на пациенти на Инфективно, денес уште еден починат позитивен на ковид-19

Ново заразени се 14 лица а оздравени се шест пациенти, позитивни на ковид-19 од велешко

Петар Печков

Се зголемува бројот на пациенти згрижени во велешката Болница, позитивни или сомнителни на ковид-19. Денес според информацијата од оваа здравствена инстиуција, таа изнесува 45 пацинети, вчера беа 42 а во неделата 39. Од  вкупниот број  39 се сместени на Инфективно одделение и шестмина на Интерно.

Од  лежечките пациенти  30 се потврдено позитивни, деветмина се  сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но   задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се 14  пациенти. Испишани се тројца  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест. 

Билтенот на Министерството за здравство за денес, вторник е  во велешко има 14  ново заразени  позитивни на ковид-19 и шест пациенти се оздравени.   Со тоа активни се 235  случаи  а досега се заразени 3.591 лица.  

Од Министерството за здравство информираа дека е починат пациент на 73 годишна возраст, позитивен, кој бил на лекување во скопските клиники. Тој е 114 жртва на лица починати од последица на ковид заразата

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »