речник контакт

Се изврши првото авионско прскање против комарци (фото)

Ќе има уште најмалку две

Петар Печков

По неколкукратно откажување, поради лошите временски услови, утрово , понеделник,  се случи првото авионско прскање во Општина Велес. Беше  во терминот од 5 до 6,30 часот.

Границата  на третирањето беше: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата  од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето беше опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година  се третираше и  рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Сигурно е дека ќе има уште најмалку две, така најавија од локалната власт. Доколку се јави потреба како минатата година, ќе се изврши  и дополнително авио прскање за уништување на комарците. 

фотографиите се сопственост  на Сашко Ѓоргов

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »