Петар Печков
Објавено: вторник, 13 септември 2016
Не мало изненадување имаа велешани, кога претпладнево беа сведоци како се сечат дрвјата од паркот пред Уред. Десетина багреми кои беа одлична сенка, веќе ги нема. Вработените од ЈКП Дервен, со багер ги отстрануваа а потоа со трактор ги префрлаа отстранетите дрвја. Случајните минувачи, не случајно реагираа, изразувајќи го гласно нивното незадоволство, од оваа сеча. За неа реагираа и од Еколошката групација ,,Зелена сила,,.
Овие дрва не беа ниту стари, ниту деградирачки, ниту опасни по околината. Напротив се спротивно. Млади, штитеа од сонце, на беа закана. По оваа сеча, прашање е кој и како ќе штити земјата да не се лизга и спушта на тротоарот. Ако имале некаква идеа, зошто не направија ваков потег кај Градскиот саат, каде има простор за работа, потоа покрај бреговите на Вардар - изјави Игор Смилевски претседател на ЕГ Зелена сила. На прозивките и за да ги расчистат дилемите во јавноста, се јавија и од ЈКП Дервен, кој е изведувач на работите.
На овој простор започнало да се гради парк и да се уредува јавната површина. Тоа било во согласност со Програмата за реконструкција и подигнување на нови површини за 2016 година, усвоена од страна на Советот на Општина Велес, како и Одлуката за комунален ред.
ЈКП Дервен започна со изведба на комплетна реконструкција на зелената површина над тротоарот од десната страна на сообраќајницата кај Здравствениот дом. Се подигнува на нова парковска површина и реорганизира зеленилото, со што ќе се обнови дел од високата и ниската вегетација. По добиено Одобрение од страна на Општина Велес, ќе биде расчистен просторот од три листопадни дрвја, кои се со голема височина, со многу разгранета крошна, деградирани и оштетени стебла, видливо навалени кон сообраќајницата и пешачката патека и со видливи знаци на сушење - што го прави овој простор ризичен за минувачите.
Се отстрануваат и 20 листопадни дрвја кои се самоникнати и непогодни за хортикултурно уредување на урбана средина. Потоа просторот хортикултурно ќе се уреди, со ниска и висока вегетација соодветна за градска средина – изјавија од ЈКП Дервен. Најавуваат просторот дека целосно ќе биде реконструиран во рок од два месеца и да биде готов за Денот на Општината.
Tweet |