речник контакт

Се истражува смртта на Богомилчанец, кој синоќа беше пројаден мртов близу дома

Од резултатите на обдукцијата ќе треба да се одлучи дали станува збор за насилна смрт, убиство

Петар Печков

Се истражува смртта на богомилчанецот Р.С ( 62 год) кој синоќа беше пронајден мртов близу до неговиот дом во село Богомила.  Случајот во Итната помош бил пријавен околу 20,30 часот а нивна екипа била  на лице место во 21,20 кога е констатирана смрт, но не и траги од насилство врз починатиот. Телото на лицето по барање на ОЈО Велес е предадено на обдукција.

Од таму со првична информација дека ќерката на Р.С. пријавила оти татко и бил нападат од 20 годишно момче од Богомила и тепан. Таа ги разделила, по што татко  и се качил на мотор и заминал. По некое време бил пронајден мртов покрај патот, во центарот на селото покрај реката Сушица, во близина на нивниот дом, како и црвен мотор покрај него.  

„По добивањето на резултатите од обдукцијата, ќе може да квалификуваме за што се работи“ - соопштија од ОЈО Велес.

Од жителите на село Богомила, се сомневаат дека е убиство. Имаат најпофални зборови за почнатиот  соселанец Р.С.  кој бил домаќин и добар човеке и сосед, но не и за неговата фамилија.

Исто велат од колегите од фабриката за шински возила Колска,каде тој работел и бил за пред пензија. Секојдневно патувал на релација Богомила - Велес и обратно.

Жителите на Богомила објаснуваат дека за случајот има уапсено лице, кое е задржано во ПС Велес на 24 часа, во исчекување на резултатите од обдукцијата. Станувало збор  за момче на 20 годишна возраст жител на Богомила. Од СВР Велес повеќе детали за настанот најавија попладнево. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »