Петар Печков
Објавено: среда, 07 октомври 2026
Заврши чистењето на вториот дел од Отовичка Река, една од препораките на Хидробиолошкиот завдо од Охрид. Процесот започна на 24 август и е во должина од 800 метри. Претходно, беше исчистeни 460 метри. Се чистеше од трска, шавар, кал, отпад.
„Со овие активности се подобри пропусната способност на реката и се намали наносот што завршува во езерото“ – соопштија од локалната власт.
Средствата за реализација на ова обврска беа обезбедени преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Велес.
Чистењето на каналот на Отовичка река беше една од препораките за санација на водата на акумулацијата езеро Младост.
Проектот со кој е извршино чистење на коритото на Отовичка река е насловен „Подобрување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на пропусна способност на отовичка река во Општина Велес“.
Истовремено привршува поврзувањето на електирчната енергија кон пумпите од бушотините кои се ископаа на Отовичка и Рудничка река. Вода се појавила и таа со црева ќе се врши дотур до акумулацијата. Се најавува дека овој зафат, поврзувањето на пумпите со струја за да се врши испумпувањето и водата да рпотече кон езерото да заврши за десетина дена.
| Tweet |





