Петар Печков
Објавено: петок, 23 април 2010
За овој период се накалемија 2150 диви овошки, кои растат на стотици хектари територија, во месноста Долги рид кај населба Чашка, во атарот на селата Витанци, Оризари, Бусилци. Акцијата има и последователни активности, односно соодветна нега на овошките во понатамошниот период за добивање на квалитетни производи.
Целта на ова облагородување на дивите овошки, е создавање на природно органско производство во руралните средини, промовирање на руралниот развој и еко - селски туризам. Надлежните од Општина Чашка, како здрава и еколошки чиста средина, се задоволни од сработеното бидејќи, со калемење на повеќе од две илјада број на дрвца е овозможено создавање круши кое може локалното население да ги користи како храна за консумирање или плодови кои можат да се нудат на пазар, со што се развива локалниот економски развој.
Ова е втора година како што се облагородува дивата круша, откако минатата година, во битолскиот дел од Мариово се калемеле исто така две илјади овошки. По Мариово и Чашка, се најавува дека акцијата ќе прерасне во традиционална и да продолжи наредните години и во останатите региони во Македонија
Tweet |