речник контакт

Се крадат акумулатори од железничките патни премини

Четири кражби за две седмици, на пругата кон Градско и кон Скопје

Петар Печков

Деновиве според информации од МЖ,  украдени  биле акумулатори од железничките патни  премини кај село Ногаевци и  и кај  Кукуречани на пругата Велес - Неготино. Поради ова не работат сигурносните  рампи и се доведени во опасност   минувачите, возила и пешаци кои минуваат   преку овие премини и покрај тоа што возовите превентивно застануваат.

Од СВР Велес потврдија дека  кај нив на 2-ри март од страна на МЖ  биле пријавени две кражби  на акумулатори, од  патните премини  во близина  на железничка станциа Градско.

 Но ова не  биле единствените кражби  на акумулатори, кои се случиле изминатите денови. Претходната седмица биле украдени акумулаторите на  пругата Велес- Скопје, помеѓу станиците Зелениково и   Јане Сандански  и  во близина на Драчево.  

Возовите превентивно застануваат на  пред сите овие премини, каде има украдено акумулатори. Електрониката  покажува дека нешто  не е во ред, па затоа машиновозачите  застануваат па продолжуваат со возење.  Патем овие акумулатори не се како  кај автомобилите, туку се многу, многу потешки и затоа кражбата не може да  ја изведе едно лице, туку  учествуваат повеќемина - велат во МЖ. 

 Изминатиот период во два наврати беа  украдени теговите од контактната мрежа на пругата близу Скопје, помеѓу станците  Јане Сандански  и Зелениково, поради што не можеа  да сообраќаат возовите  кои се на електро  напојување. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »