речник контакт

Се лизна земјиште, оштети куќа на улица Коле Цветков

Неделата напладне за малку е избегната трагедија близу Црна Џамија

Петар Печков

Интензивниот дожд кои деновиве наврна, придонесе во текот на вчерашниот ден, земја и камења да се лизнат и да  се заканат по безбедноста на луѓето од стариот дел  на Велес, близу Рамина. За малку е избегната трагедија во месноста Црна Џамија.

Настанот се случил  околу 12,30 ч. во задниот дел на куќата на соседите. Жената подготвувала ручек во летна кујна, кога се слушнал страшен звук на нешто што се руши. Почнала да надоаѓа земја. Има десетина  кубни  метри, како навлегле во собата, но на домаќинката не и  е ништо, освен што се преплашила. Оштетен е и првиот кат од семејната куќа - велат соседите.  Домаќините не сакаат да говорат за овој настан, кој силно ги вознемирил  ги и довел во опасност  нивните животи.   

Затоа со информација излегоа од МВР.

На 04.02.2018 година  во 14,00 часот во СВР Велес пријавено е  дека на ул.“Коле Цветков“ дошло до рушење на карпа и земја од задниот дел од куќата, сопственост на  Д.К.(60). Карпата турнала ѕид од куќата и дел од гаражата. За настанот бил известен Центарот за упправување со кризи - стои во писмената информација. 

Пред некоја година, се лизна земја до оваа куќа која вчера беше оштетена. Тогаш се изгради  потпорен ѕид.  Се случува на улицата ,,Коле Цветков,, да доаѓа до лизгање на земјиштето. Сопствениците сметаат дека причината се дивоградбите на месноста  Рамина, која е над нив и тие придонесувале да доаѓа  да вакви ситуации. Поради конфигурацијата на теренот во  Велес, изминатите години со помош  на проект на УДНП, на две улици Коле Цветков и  Питу Гули,се изградија повеќе потпорни ѕидови заради заштита на домовите. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »