Петар Печков
Објавено: среда, 01 јуни 2022
ЈКП Дервен продолжува со потставување на нова или обнова на постојната водоводна мрежа.
Откако се заврши со поставување на нова водоводна линија во должина од 200м, во населено место Отовица, деновиве започнаа нови градежни активности .
Во тек е замена на стара азбест- цементна водоводна мрежа во должина од 160м на ул. Маца Овчарова.
Во ланската 2021 година ЈКП Дервен извршил изградба на 1.991 м нови водоводни линии, реконструирани се 653 м. а реконструирани и 90 м канализациони линии.
Tweet |