Петар Печков
Објавено: петок, 16 октомври 2026
Ученици лани во средно и основно образование имало 6.219, годинава 6.165 годинава или помалку за 54 ученици. Намалување во основното образование е од 72 ученици, а во средното има зголемување од 18 ученици.
Бројот на основци е зголемен единствено во ОУ Панко Брашнар, во сите други оснвни училишта е намален, најмногу во ОУ Блаже Конески 31 или едно одделение помалку. ВО ОУ Св. Кирил и Методи има 14 ученици помалку, во ОУ Васил Главинов 17, Стојан Бурчевски Буридан 9, ОУ Лирија од Бузалково 9, а во ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари бројот на ученици лани и годинава е ист.
Во средните училиште бројот е зголемен благодарејќи на учениците во Гимназијата каде има повеќе 38 ученици. Во Хемиска има 11, во Економска седум и во Коле Неделковски еден ученик помалку.
Во прво одделение има осум ученици помалку од лани, од 397 на 389. Повеќе ученици има во ОУ Лирија во Бузалково 26, во ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари девет ученика и еден во ОУ Св. Кирил и Методиј. Помал број првачиња се бележи во ОУ Блаже Конески дури 20, во ОУ Васил Главинов 23, во Стојан Бурчевски Буридан едно дете помалку во прво одделение и исто толку во ОУ Панко Брашнар.
Од 1 септември во прво одделение во седумтте велешки основни училишта, требаше да тргнат на училиште 511 првачиња, колку што се родени 2020. Ова е податокот кој СВР Велес го има за бројот на првоодделенци. Тргнаа 389, или 122 деца ги нема во образовниот процес, нивните родители заминале од Велес или од Македонија.
Во прва година средно има опаѓање од 70 ученици, пет и три ученици има повеќе во Гимназијата и во Хемиското. Бројот на ученици во Економското за 13 а во Коле Неделковски за два класа или 65 ученика е помалку.
податоците се добиени од Општина Велес
| Tweet |




