Петар Печков
Објавено: петок, 25 декември 2020
Се намалува бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко. Денес Центарот за јавно здравје регистрира 11 нови случаи, или 2.686 досега. Оздравени се 29 пациенти или вкупно 1.996. Активни се 605 случаи, од нив 25 се во велешка Болница, едно во Болницата Козле и пет во приватни клиники во Скопје, додека на домашно лекување се 574 пациенти
Од Општа Болница Велес информираа дека кај нив хоспитализирани се 40 пациенти, од кои 29 се потврдени позитивни и 11 пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти. На Инфективно се 35 на Интерно пет пациенти.
Tweet |