речник контакт

Се намалува бројот на активни случаи со кoвид-19 во велешко, како и бројот на згрижени пациенти во Болница

Денес има четири нови случаи и петмина оздравени

Петар Печков

Осетно се намали бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко но и бројот на хоспитализирани пациенти во велешка Болница. Заклучно до претпладнево бројот на активни случаи во велешко падна на 105 лица.

Министерството за здравство објави дека изминатите 24 часа имало  четири нови случаи и пет оздравени пациенти.   Починати немало, како и изминатите четири дена.

Во двете ковид одделенија на велешка Болница,се намалува бројот на  хоспитализирани, денес претпладне таму  се 20 пациенти. Примени се тројца пациенти, испишани како оздравеени нема.

Во двете одделенија има 12 пациенти кои се позитивни, непотврдени има двајца и негативно, но со потреба од продолжени лекување има шестмина. На кислородна поддршка се 11 пациенти“ - кажа д-р елена Левкова Ќулумова.

На Инфективно одделение згрижени се 15 а на Интерно одделение пет пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »