Петар Печков
Објавено: четврток, 22 април 2021
Во велешко и денес Институтот за јавно здравје регистрира повеќе оздравени, отколку ново заразени со ковид-19. Бројката е 34 оздравени пациенти и 19 ново заразени. Активни се 651 случаи а досега биле заразени 5.280 лица.
„Починат е пациент на 80 годишна возраст, позитивен од Велес, лекуван три дена во ковид-19 во центарот на одделот за Физикална терапија. На кислородна поддршка се 40 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 90 пациенти, од кои 74 се потврдени позитивни, тројца сомнителни и 13 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение се 35 пациенти, на Интерно девет и на Физикално 11, додека во Модуларната болница се 35.
Tweet |