речник контакт

Се намалува бројот на згрижени лица со проблеми од корона вирусот во велешка болница

Нови случаи се седум а оздравени се шест

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има седум  ново случаи на лица заразени со ковид-19 додека оздравени се шест, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 167 лица. Починати лица денес нема.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  има згрижено 27 пациент,  четворица помалку од  вчера.  Од нив 14 се потврдени позитивни  со ПЦР тест, тројца се  непотврдени  а 10 се  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примени се два  нови случај, испишан како оздравени со еден негативен тест е еден пациент. На  континуирана кислородна поддршка се 16 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 23 пациенти и четворица   се  на Интерно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »